Денес, петок, 7 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 26 степени.
Утре, сабота, 8 мај, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен северен ветер што ќе предизвика мало намалување на температурата. Температурата во Битола до 23 степени.