Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Битола домаќин на Купот, Металург подобар од Пелистер во финалето (фотогалерија)

По неколку години ракометна криза финалето на Ракометниот куп беше во Битола, а пехарот, за жал, не остана во Битола, како што посакуваа 5.000 љубители на ракометот, туку отпатува за Скопје, кај Металург, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, за ракометниот куп кој во 2011 година се одржа во Битола.-Металург дојде до пехарот по драматичното финале во кое ракометарите на Пелистер, а  финалето ќе остане запаметено по фантастичната атмосфера и многуте забелешки на судиските одлуки, неколку непостоечки пенали, неизедначен критериум на двете страни и на крај со многу тага кај “пелистерци“ кои во неколку наврати направија 4 гола предност.Но, по 23 минути игра во второто полувреме “пелистерци“ постигнаа само 4 гола, што беше малку за победа, а Металург имаше одлична серија 7:1, која и му ја донесе победата, стои во новинарскиот бележник на Миновски.Овој ракометен куп во Битола остана забележан и по најавата за враќање на некогашниот спонзор на Пелистер, ГП “Пелистер“, односно Силјан Мицевски, кој им ги додели пехарите и медалите на финалистите, а лично на новинарите и останатите им најави можно враќање во клубот.Моцарто, Калешо, Тосе, Дуко, Пеце, Ќани, Иве, Кире, Циле, Спире, Димче, Боро, Цане, Звонко, Дане, Абдула, Стевче се само дел од 35-те имиња кои од страна на Ракометната федерација на Македонија, добија плакети за развој на ракометот во Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »