Press "Enter" to skip to content

Двајца битолчани фатени со хероин на патарина

На 09.05.2021 во 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија Велес ги лишиле слобода две лица од Битола на возраст од 33 и 35 години.

При преглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки пронајден е и одземен хероин.

За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик.

More from ВестиMore posts in Вести »