Press "Enter" to skip to content

Започна превентивна систематска дератизација на територијата на Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуките на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола како општа против епидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола во континуитет од 2005 година е вклучен во реализацијата на оваа превентивна програма.

Согласно спроведената јавна набавка, ЈЗУ Центарот за јавно здравје преку својот отсек за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во периодот од 10.05.2021 год. отпочна со спроведување на активностите на терен. Според оперативниот план и програм во оваа пролетна фаза од превентивната дератизација предвидено е да се дератизираат околу 4000 шахти на територијата на Општина Битола како делови од:

-Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти на поширокото градско подрачје вклучувајќи ги и урбаните заедници Горно и Долно Оризари и Кравари распоредени во две зони според степенот на инфестираност,

-Прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и сл. (приближно 500 шахти)

Дератизација на јавната депонија “Мегленци” како мапирано жариште за развој и десиминација на глодарите и сл.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат три екипи во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник на ЈП Нискоградба, како субјект кој стопанисува со канализациониот систем во градот. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола.

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди (парафински блокови со црвена боја) во канализационите шахти. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

За адекватно и навремено спроведување на активностите на терен неопходна е соработка и разбирање од граѓаните па во тој контекс упатуваме посебен апел до учесниците во сообраќајот, на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите. За успех на самата операција а и придонес во одржување на комуналната хигиена од значење е правилната диспозиција на сметот во контејнерите без непотребно расфрлање на отпадот надвор од контејнерите. Доколку граѓаните дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола за адекватно нивно отстранување.

More from ВестиMore posts in Вести »