По повод празникот Рамазан Бајрам во Битола утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано во џамиите, каде присутвуваа ограничен број на верници, почитувајќи ги сите мерки за заштита од ковид-19. Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина.
Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.
Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар).
Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта, а од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните.
Преку фотографиите на Агим Џело ви пренесуваме како беше на утринската молитва во Битола.