Press "Enter" to skip to content

“Академците“ на Петровиќ го исфрлија Пелистер од борбата за титула во Купот

Пелистер – Акаденија ФМП 98:100

Првото четвртфинале помеѓу екипите на Пелистер од Битола и на Навико Академија ФМП од Скопје, во “Кале“, го донесе и првото изненадување во Купот. Наместо кошаркарите од Битола да се борат за трифеј после голем број на промени на водството, егал-резултати, а се решаваше во последните две минути, за победа на тимот на Петровиќ.

Помалку и изненадувачки, во 7. минута од играта, Навико Академија ФМП имаше водство од 19:13. На 14:22 тајм-аут на Марјан Илиевски, кој по долга пауза се врати на клупата на „зелено-белите“, а првата четвртина заврши со 22:25. Не променија работите и во втората чествртина, 34:27 беше во 13. минута. 

Во исто темпо продолжија „пелистерци“ и по одморот. Подобро го отворија второто полувреме. За три минути игра имаа вишок од осум поени 68:60. Но останаа без помошта на својот капитен Бојан Трајковски, кој во 24.минута, при резултат 68:66, ја напушти играта (поради повреда на скочниот зглоб). Во 38.минути, кога упорните „гости“  стигнаа до нерешен резултат 77:77, а на истекот на 30.минута, преминаа и во водство 80:77.

Игор Кесар ја врати предноста на „зелено-белата“ страна 85:80, по што, во нецели три минути,  а по тајм аутот на Петровиќ имаше промена на водството 85:86. 91:91 беше на 3:12 минути до крајот, а 96:96 беше и на 1:19 минута до крајот на играта.Тројка на Крстајиќ на истек на нападот, за 96:99 на 8.5 секунди до крајот. Калахан за Пелистер од  слободни за 98:99, а Крстајиќ половичен за 100:98 и победа на „академиците“ на Петровиќ.

Извор: КФМ