Попладнево и вечерва, во пресрет на утрешниот голем верски празник посветен на Св. Атанасиј, или летен Танасовден како во нарекува народот, стотина битолчани и верници го посетија истоимениот манастирот кој се наоѓа на неколку километри од Битола, над населбата Стрчин, кај раселеното село Смолево.По земјениот патот се движеа и автомобили и пешаци, а покрај редовните посетители кои скоро секојдневно се тука на прошетка и рекреација, имаше и “многу нови“, како ни рекоа “старите“ рекреативци. Сите одеа кон манастирот кој е сместен, над Битола, пред да се навлезе во шумата, под каналот.
Во дворот и околу манастирот немаше многу луѓе, а утре, како ни рекоа ако нема дожд како е најавено, ќе има илјадници битолчани, кои ќе бидат тука на утринската служба, а и потоа се до попладневните часови.
Вечерашниот, топол ден, но со ветар, како да беше создаден за пешачење до манастирот, кој за разлика од зимскиот Танасовден кога се најавува крајот на зимата, овој пат во јуни го навестува летото.Утре ќе се одржи две богослужба на кои ќе присуствуваа доста верници, кои ќе “кренат лебче“ за здравје, ќе запалат свеќа и ќе се помолат пред иконите на Светецот, Св. Атанасиј, кое е и има на манастирот, потребно во ова време на пандемија.
Дел од посетителите го искористија убавото време да се искачат и нагоре кон Баба планина, и да прошетаат како ни рекоа “по каналот“, да уживаат во убавата приквечерина, а некои продолжија кај пријателите во Стрчин, каде најголем дел, иако дојдени тука, го празнуваат денот.
Пред влезот на манастирот кај Смолево денес имаше само една тезга со крушевски локум, во кој уживаа битолчани, а утре ќе има поголем број на тезги пред црквата
Текст и фото: С. Ристевски