Press "Enter" to skip to content

Во библиотеката започна да се реализира проектот “Гордост“ за зачување на ромскиот јазик

НУУБ “Св.Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник, кој ќе се реализира во наредните 16 месеци и е во рамки на програмата клучна акција 204 – Стратешки партнерства за образование на возрасни, клучна акција 204– Стратегиски партнерства за образование на возрасни, финансирана од Европската комисија преку Еразмус + програмата.

Битолската Библиотека е прва културна установи во државата кој ќе реализира Еразмус проект во нашата држава, а целта на проектот „ГОРДИ I“ е да открие дали он-лајн платформата за ромски јазик би била разумна алатка и за зачувување на ромскиот јазик како дел од културниот идентитет и овозможувајќи им на Ромите да учествуваат во доживотно учење.

Во проектот освен Библиотеката од Битола се вклучени организации од Србија, Грција, Романија, Унгарија, Германија и Бугарија, а кooрдинатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска.

Проектот опфаќа три фази, анкети со Роми и експерти, заедничка дефиниција на предметот на истражувањата; опис на проширувањето на истражувањата, како и утврдување на поимите, изработка на прашалници и упатства за насочени истражувања, истражувања и интервјуа во ромските заедници на партнерските земји, вклучувајќи определување на целната група, изработка на прашалници и упатства за насочени истражувања, истражувања и интервјуа со експерти од земјите партнери, имплементација и документација на  истражувањата, истражувањата и интервјуата, како и проценка, изработка на национални извештаи од сите партнери во проектот и изработка на извештај за синтеза од страна на библиотеката.