Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, денес ги започнува натпреварите од Купот на Македонија во машка конкуренција, “Благоја Гергиевски – Буштур“, кои денес во 12 часот ја отвораат борната за пехарот, против екипата на Навико Академија ФМП.
Кошаркарите на Пелистер заминаа од Битола и се во Скопје, а сите учесници од завршницата на Купот одржаа заедничка прес конференција, на која двете екипи ја најавија наизвесноста на натпреварот.Претставник на КК Пелистер на официјалниот прес беше спортскиот директор на Пелистер, Јован Христовски, кој рече:
-Прво, големо задоволство е да се учествува во завршницата од Купот на Македонија. Како клуб очекуваме Купот да помине во неизвесна битка, како што впрочем е и целото првенство досега, на задоволство на сите љубители на кошарката. Сведоци сме на едно од најизедначените првенства во последните години. Гледачите ќе имаат три дена да уживаат во добри натпревари. Се надевам на фер игра, се надевам на успех, па ќе видиме до недела кој ќе излезе како победник. Им посакувам среќа успех и здравје на сите екипи. Особено здравје, бидејќи после Купот не очекуваат натпреварите од плеј-офот. Сите ќе излеземе како победници ако на крајот сме во иста бројка.
Противничката екипа Навико Академија ФМП ја води битолчанецот Александар Петровиќ, кој на прес-конференцијата рече:
-Нашата екипа првпат настапува на Купот и тоа за нас е едно големо задоволство. Сигурно дека играме против најголемиот фаворит оваа сезона, единствена екипа која во двата натпревара во регуларниот дел не надигра. Но ова е Куп-турнир, каде нема поправен испити се надевам дека можеме да изненадиме.
Натпреварот меѓу Пелистер и Навико Академија ФМП, на паркетот во СРЦ „Кале“ ќе започне во 12 часот.