Битолското муфтиство од Исламската верска заедница и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.Тие пред своите пристории во чест на празникот со парче баклава ги почастија своите комшии дуќанџиите од Старата битолска чаршија, битолчани и сите намерници кои денес на пладне се најдоа во Чаршијата.
По повов празникот Рамазан Бајрам, муфтијата Амит Расимовски, со своите соработници на сите битолчани им посака добредојде и рече:
-По повод верскиот празник Рамазан Бајрам од 2016 година организираме бајрамска баклава, нова пракса во Старата битолска чаршија каде се и нашите простории. Увидовме дека ова е позитивен чин, барјамската баклава да ја почуствуваат сите граѓани на Битола, што кај нас муслиманите по идењето од џамија, на бајрамската трпеза задолжителна е и баклавата, која е блага е круна на бајрамската трпеза, како наша традиција, а сега го споделуваме и со нашите битолчани.
По повод Бајрама, на бајрамска баклава во Муфтиството дојде и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, со своите соработници.

Муфтиството на ИВЗ со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)