Press "Enter" to skip to content

Министерот за земјоделство… во посета на подрачната единица во Битола и АХВ (фото)

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска ја посетија подрачната единица во Битола, каде раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола Методија Илиевски им ги претстави реновираните простории. -На овој начин им нудиме, но исто така им даваме поквалитетни услуги на сите земјоделци од регионот, кои што особено овој период активно аплицираат за одредени субвенции наменети за нив. Со реновирањето на просториите се обезбедува зголемен капацитет и поголема безбедност за граѓаните, рече министерот Хоџа.-Со создавањето на квалитетни просторни услови на вработените, односно на административците и инспекторите во АХВ, доаѓајќи во старата општинска зграда на Општина Битола, правиме една целина со другите институции сместени во зградата, а им овозможуваме на граѓаните на една локација за сродни дејствија да можат да ги реализираат своите потреби, истакна Бабовски.Градоначалничката Петровска ја потенцираше целокупната соработка која што општината ја има со овие институции.-Оваа завршница на реновирањето е во интерес и на Општина Битола, бидејќи самата општина има 65 села, со население кое има потреба од овие две институции. Во таа насока сигурна сум дека и во следниот период би делувале заедно, токму заради тоа што користиме објект кој што е на општината, даден на овие институции и е уште еден показател за успешната соработка помеѓу нас, посочи Петровска.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »