Press "Enter" to skip to content

Муфтиството на ИВЗ со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фотогалерија)

Битолското муфтиство од Исламската верска заедница и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.Тие пред своите пристории во чест на празникот со парче баклава ги почастија своите комшии дуќанџиите од Старата битолска чаршија, битолчани и сите намерници кои денес на пладне се најдоа во Чаршијата.По повов празникот Рамазан Бајрам, муфтијата  Амит Расимовски, со своите соработници на сите битолчани им посака добредојде и рече:-По повод верскиот празник Рамазан Бајрам од 2016 година организираме бајрамска баклава, нова пракса во Старата битолска чаршија каде се и нашите простории. Увидовме дека ова е позитивен чин, барјамската баклава да ја почуствуваат сите граѓани на Битола, што кај нас муслиманите по идењето од џамија, на бајрамската трпеза задолжителна е и баклавата, која е блага е круна на бајрамската трпеза, како наша традиција, а сега го споделуваме и со нашите битолчани.По повод Бајрама, на бајрамска баклава во Муфтиството дојде и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, со своите соработници.

More from ВестиMore posts in Вести »