Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен во финалето од Купот од Вардар

Вардар – Еурофарм Пелистер 26:24 (16:10)

Со два гола разлика екипата на Еурофарм Пелистер  поразена од сега веќе победникот на Купот за оваа година екипата на Вардар 1961 со резултат 26:24, полувреме 16:10.

Вардар 1961 одлично отвори поведе со 5:1. Потоа по многу грешки на екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да се врати резултатски, а како резултат на таквата игра Вардар ја одржуваше високата разлика, а во последните минути намалија на 13:10. Полувремето заврши со +6 за Вардар, 16:10.

Второто полувреме започна со рамноправна игра, а на средината на полувремето резултатот беше 19:17. Радовиќ во 51. минута заработи црвен картон заради прекршокот врз Дисингер. Периќ ја презеде одговорноста и намали на 22:20 во 54. минута. Двата гола на Маџовски ги доближија ракометарите на Еурофарм Пелистер до само 1- на три минути до крајот. Сепак, голот на Дибиров го одлучи финалето и вардарци извојуваа победа од 26:24. 

Еурофарм Пелистер девет погодоци постигна Периќ.