Press "Enter" to skip to content

Јове Парговски, координатор на “Рурална Авантура“: преку иновативен пристап до зголемен број на туристи во Мариово

Неодамна беше промовиран проектот Рурална Авантура (www.ruraladventure.mk), имплементиран од здружението OFF ROAD Macedonia од Битола, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и поддршка, преку Increasing Market Employability (IME) програмата. По тој повод разговаравме со Јове Парговски од Битола, кој е координатор на овој проект.Кажете ни накратко за проектот

-Идејата е преку само-водечки тури да помините ден-два со своите најблиски во регионот Мариово. Со мобилниот телефон како ваш водич, Мариово е одличен избор за „полнење на батериите“ и прошетка во природа. Со густина на население од помалку од 4 жители на километар квадратен, Мариово е идеално за социјално дистанцирање и уште поважно за подобрување на имунитетот и менталното здравје во чистата природа.Како дојдовте до оваа идеја

-Се работи за нешто што во светот веќе долго време се користи и се покажало како навистина успешно, па сме среќни што добивме прилика да го реализираме и во Мариово. Само-водечките тури се само еден аспект, кој заедно со подобрената промоција на културното и природното богатство и подобрената туристичка сигналитика, го збогатува вашето искуство во Мариово.Уште пред ситуацијата со Ковид, во Мариово имавме јасно изразен недостаток на туристички водичи и информации за туристичките потенцијали. Луѓето на разни начини го посетуваа Мариово, но без некаков конкретен предлог на тури, локации или информации за местата кои ги посетуваа.Минатата година самостојно реализиравме една само-водечка тура низ Мариово која се покажа доста успешна, што воедно беше и мотив плус за IME да го подржат нашиот проект.Доколку се анализираат Google Travel Trends, што според мене е и најрелевантен показател, ќе се покаже дека бевме потполно во право. Факт е дека Ковид ситуацијата катастрофално се одрази врз туризмот, а во новата реалност се менува и побарувачката и навиките на туристите. Се повеќе се бараат локации надвор од гужви и градски средини, во природа, за помали групи, а Мариово го нуди токму тоа. Изминатата година голем број на куќи се реновираа и дел од нив веќе се издаваат за туристи, а тука се и споредните бизниси кои несомнено може да се стават во функција на туризмот.Што е она што е резлизирано во овој проект

-Како прво креирани се содржини за 35 локации во Битолскиот дел на Мариово (под Општина Новаци) и е поставена основа за проширување на проектот кон другите делови. Содржините се преведени на три светски јазици – англиски, француски и германски, а за македонски јазик се креирани и видеа на знаковен јазик.Следен чекор беше креирањето на аудио нарации, кои збогатени со квалитетни фотографии, 360 виртуелни прошетки и видеа, ќе послужат за подобра промоција на регионот и обезбедување на повеќе информации за посетителите. Локациите се поврзани преку шест предлог тури, од кои четири се пешачки, а две се наменети за велосипед или теренско возило.На овој начин доколку ноќевате во некоја од куќите во Мариово имате содржини кои ќе ве натераат да останите барем ден, два плус.Кажете нешто повеќе за видеата на знаковен јазик

За секоја од локациите е изработено и видео на знаковен јазик. Интерпретатор e Катерина Шарковска и на овој начин сакавме да ја подобриме пристапноста на регионот Мариово за лицата со оштетен слух. Во Битола е сместен и Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – Кочо Рацин и се надевам дека чим овозможат условите, Мариово ќе стане локација плус за нивните училишни екскурзии. Што треба да направиме доколку сакаме да го посетиме Мариово

Прво треба да ја посетите нашата веб страна (www.ruraladventure.mk), каде покрај предлог локациите во Мариово имате и предло тури, кои се поврзани со апликацијата izi.Travel (достапна на Google Play и iOS) која треба да ја преземите на вашиот телефон. Ја избирате посакуваната тура и го оставате Вашиот телефон да ве води. Бидејќи некои локации во Мариово не се покриени со телефонски сигнал, се препорачува да ја користите апликацијата во офлајн мод и задолжително да ги прочитате и почитувате сигурноснните препораки.Дел од турите се намерно правени да бидат погодни за целото семејство, во кои е скратено растојанитето кое треба да се помине, но се вклучени капалишта и пикник локации, каде можете да го поминете денот со вашите најблиски.