Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: 200 “мотори“ на првата мото-тура “Битола 2011“ во организација на “Конзули“ (фотогалерија)

Пред 10 години на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа првата мото тура “Битола 2011“, во организација на битолскиот мотоклуб “Конзули“, што беше атракција за љубителите на “мотори“ во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Оваа мото-турата имеше меѓународен карактер бидејќи во Битола беа, учествуваа моторџии од неколку држави: Италија, Австрија, Србија, Грција, Словенија, Хрватска со околу двеста мотори, а мора да се признае дека атрактивните изглед на возачите на моторцикли од Европа го привлекоа вниманието на битолчани, кои во голем број беа на “Магнолија“, веки Миновски.Организаторите, мотоклубот “Конзули“ тогаш рекоа дека се надеваат дека овој настан ќе биде традиционален, а тоа и се случи. Од тогаш редовно се одржуваат мото тури во Битола, а лани поради пандемијата ги немаше.Љубителите на добрите мотори кои ги имаше во голем број на градскиот плоштад имаа прилика да ги видат одблиску моторите со највисок квалитет од јапонско, германско и американско производство. Некои од нив чинат и по 80 илјади евра.По претставувањето на “Магнолија“ и смотрата на моторциклите, фотографирањето, снимањето, сите заедно направија мото-дефиле низ битолските улици, а заедничното дружење го продолжија  вечерта во Потпелистерието.

More from БитолаMore posts in Битола »