Press "Enter" to skip to content

На “Васко Карангелевски“ во Битола се поставуваат четири подземни контејнери (фото)

Вчера завршија градежните работи на улицата “Васко Карангелевски“ во Битола за вкопување на подземните контејнери, кои за прв пат се поставуваат во Битола, на оваа фреквентна улица.Се поставуваат четири контејнери,  по два од двете страни, а изведувачот на работите, вчера ни рече:-Денес завршуваме со основните работи околу вкопувањето на основата за подземните контејнери, а од понеделник започнува нивната монтажа, односно поставување на механизмите за работа на контејнерите.Со поставувањето на контејнерите во овој дел на Битола ќе се тргнат контејнерите од улицата, а секако дека и овој дел на Битола ќе бобие модерен урбан лик.

More from ВестиMore posts in Вести »