Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: откријте дали сте екстровертна или интровертна личност?

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Типови на личност спрема Јунг

Екстроверт и интроверт се поими кои многу често ги слушаме и за кои се врзуваат многу предрасуди. Спрема Јунг(психијатарот и психотерапевт) постојат два меѓусебно исклучива ставови или димензии на личност кои се вградени во структурата на личноста. Екстроверзија и интроверзија кои ги концепирал во 20 години на минатиот
век. Неговата теорија е дека секоја индивидуа е уникатна: и интровертните и екстровертните личности се два екстрема на една биполарна скала.

Екстроверзија

Јунг екстроверзијата ја дефинира како усмереност на информации кои доаѓаат од надвор. Интроверзијата ја смета за фокусирање на доживување на стимулусите. Со тоа интровертните се чувствуваат пријатно во својот внатрешен свет на мисли и  чувства, а надворешниот свет го гледааат како начин на кој и го доживуваат. Од сруга страна пак екстровертите повеќе се заинтересирани за надворешниот свет и нивното влијание врз него. Интересно е да иако Јунг вака ги дефиннирал овие поими, истовремено изјавил:

-Потполн екстроверт ниту целосен интроверт не би опстанале“.

Разлики во процесот на менталната енергија

Имено некои толкувања на Јунговата замисла укажуваат на разликите во процесот на создавање на менталната енергија. Зборуваат за начинот на кои личноста се однесува спрема надворшниот свет, во однос на својот внатрешен или ментален свет. Спрема тоа екстровертите својата енергија ја обновуваат низ интеракцијата со другите луѓе, а интровертните тоа го прават во тишина и самотија.

Совети за екстровертните и интровертните личности

На пример типичен ектроверт зависи од својот надворешно опкружување. Но, постојат мигови кога решение за нашите проблеми ги наоѓаме во нас, а не во околината. Тогаш личноста со примена на интроспекција може да си помогне себе и да се спаси од Од друга страна интровертот зависи од своите сопствени мисли и чувства и често има тенденција на изолирање. Тогаш личноста со примена на интроспекција може да си помогне себе и да се спаси од немирот. Од друга страна интровертот зависи од своите сопствени мисли и чувства и често има тенденција на изолирање Како да ги препознаете типичните екстроверти и интроверти.

Екстровертните личности најчесто ќе ги препознаете по тоа што:

Сакаат секогаш да бидат опкружени со многу луѓе, но ова понекогаш може да влијае голем дел од нивното време да го потрошат на непродуктивни разговори и состаноци; забавни се, енергични, шармантни, често се во центарот на вниманието на секој настан, но, понекогаш може да бидат многу напорни и да изгледаат како арогантни; динамични се и важно им е да префрлање од една тема на друга додека зборуваат не мора да значи дека заборавиле на тоа, што претходно го кажале, туку од многуте мисли и идеи кои ги имаат во моментот не сакаат нешто да остане некажано.

Интровертните личности ќе ги препознаете:

Преголемата фокусираност кон задачите им прави проблем да ги искажат појасно нивните мислења, но можат многу брзо да напишат некој многу важен извештај или е-mail додека другите околу нив дискутираат на различни теми; на состаноци најчесто се тивки слушатели и изгледаат незаинтересирано, но тоа што ќе го кажат најчесто е прецизно и директно; зборуваат одмерено, но, доколку некој се вклучи ненајавено, може да биде стресно за нив дури и кога не ги прекинуваат во нешто значајно; тешко развиваат односи со другите, но односите и довербата што ќе ја развијат најчесто се долгорочни.

Почитување на разликите на екстровертни и интровертни личности

Kонфликтите помеѓу луѓето генерално( колеги, пријатели…) најчесто настануваат поради тоа што прво не се познаваме добро меѓу себе и не си ги почитуваме разликите. За да ги елеминирате конфликтните ситуации може да примените некој од советите за тоа како да се однесувате кон интровертнитте, а како кон екстровертните.

Доколку сте екстровертна личност, тогаш:

-почитувајте ја приватноста на интровертните;

-кога им делегирате нови задачи, оставете им малку време да ја набљудуваат целосната ситуација и не барајте им одговори веднаш;

-не прекинувајте ги;

-одвојте дел од вашето време и дадете им што е можно поконкретни насоки;

-не посрамотувајте ги јавно пред другите;

-почитувате ја нивната интровертност и не обидувајте се да ги промените во екстровертни.

Доколку, пак, сте интровертна личност, тогаш:

-почитувајте ја независноста на екстровертните;

-давајте им пофалби и комплименти;

-прифатете го и охрабрете го нивниот ентузијазам;

-дозволете им да ги искажат нивните ставови и размислувања;

-понудете им опции за различни ситуации;- оставете ги да блескаат.

Дали сте ектровертан или интровертна личност? ТЕСТ

Сузан Кејн и Нејзината книга „ Тивки: Моќта на интровертите во свет кој не може да
престане да зборува “ (Quiet: The power of introverts in a world that can’t stop talking), е базирана на 5-годишно истражување на полето на психологијата и невробиологијата, како и на многубројни интервјуа. Овој интересен тест е преземен од нејзината книга, и се состои од 20 прашања на кои треба да одговорите со „точно“ или „неточно“, одбирајќи го оној одговор кој во повеќе случаи важи за вас. Доколку досега сте имале некакви двоумења, со овој тест ќе може да бидете на сигурно, дали сте интровертна личност, односно повлечена и затворена во себе, или екстровертна, односно дружељубива и отворена.

1. Преферирам разговор меѓу двајца повеќе отколку разговор или активност во голема
група.

2. Повеќе сакам да се изразувам себеси со пишување.

3. Уживам кога сум сам/а.

4. Ми се чини дека се грижам за богатството, статусот и славата помалку од моите врсници.

5. Не ги сакам оние мали и безначајни муабети кои си принуден да ги направиш кога ќе се сретнеш со некој, повеќе сакам долг и исполнет разговор на тема која ми е важна.

6. Луѓето често ми велат дека сум добар слушател.

7. Не сакам да преземам ризици.

8. Уживам да работам нешто што бара целосно да ѝ се препуштам на работата без многу
прекинувања.

9. Не сакам да кревам многу прашина околу моите родендени, и сакам да ги славам
само со најблиските пријатели или членови на моето семејство.

10. Луѓето ме опишуваат како некој кој зборува тивко, меко и внимателно.

11. Не сакам да ја покажувам мојата работа или да дискутирам за истата со другите додека не е завршена.

12. Не сакам конфликти.

13. Најдобро работам сам/а.

14. Размислувам пред да зборувам.

15. Се чувствувам навистина исцрпено по некоја социјална средба, дури и тогаш кога сум уживал/а.

16. Често одбегнувам да ја кренам слушалката кога ѕвони телефонот.

17. Кога би можел/а да одберам, би одбрал/а викенд во кој немам апсолутно никакви обврски отколку викенд во кој имам премногу обврски и закажани состаноци.

18. Не сакам мултитаскинг.

19. Лесно можам да се сконцентрирам на нешто.

20. Преферирам лекции наспроти семинарски предавања.

За овој тест Кејн вели дека на колку повеќе прашања сте одговориле со „точно“, толку поинтровертни личности сте. Во случај да имате приближно еднаков број на прашања одговорени со „точно“ и „неточно“, во тој случај сте амбиверт, личност која има приближно еднаков број карактеристики на интроверт и екстроверт, односно е некаде во средина. Исто, Кејн тврди дека не постои личност која во 100% од ситуациите е Интроверт или Екстроверт. Секако, не заборавајте дека не постои правилен резултат на овој тест, може да бидете повеќе склони кон отвореност со другите или самостојност и затвореност во себе, но тоа не значи дека едното е поправилно или подобро од другото.

Заклучок

Поделбата на екстровертни и интровертни не би требало да биде исклучителна. Едноставно луѓето најчесто не припаѓаат само на една крајност на поларитетот. Може да го кажеме и следното објаснување Екстроверзиајта и интроверзијата зборуваат на начинот на кој луѓето ја обновуваат својата енергија. Дали во однос со себе или другите луѓе. Цел живот се движиме од една на друга страна, некогаш дури и на дневно ниво, а посебно во зависност од
животниата фаза и околности.

После тестот Размислете за себе каде се наоѓате на оваа права и дали смете дека вашата позиција се менува?