Press "Enter" to skip to content

Во Битола претпладне променливо облачно со повремен локален дожд, потоа облачноста ќе се намалува

Денес, вторник, 18 мај, во Битола, според прогнозата на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 24 степени.

Утре, среда, 19 мај, во Битола, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 26 степени.