Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: ќе се реконструираат десет улици

Општина Битола ја заврши постапката за јавна набавка за реконструкција на повеќе улици, при што се склучени договори со изведувачите за реконструкција на улиците „Ѓорги Ѓоргиев Џоџа“, „Пробиштип“, „Цане Василев“, „Кленовец“, „Херцеговина“ и „Ѓорги Беќаров“. Избран е изведувач и за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе. Во тек се постапки за јавни набавки и за реконструкција на улиците „2 Август“, „Македонска фаланга“ и „Солунска“.

Во меѓувреме продолжуваат градежните активности во Општина Битола за реконструкција на 9 улици.
На дел од нив се врши
промена на инфраструктурата, по што ќе следува асфалтирањето, а дел од улиците, кои што имаат добра водоводна и канализациона мрежа, ќе добијат нов коловоз.

Сите инфраструктурни градежни работи се одвивааат на локации каде не е интервенирано со децении.

More from ВестиMore posts in Вести »