Press "Enter" to skip to content

Марио Танковски: се ќе беше поинаку во Битола ако беше разлика во Скопје помала,

Синоќа во Битола Еурофарм Пелистер во Битола му го нанесе првиот пораз на Вардар оваа сезона во плеј-офот, но сепак “вардарци“ се поблиску до нова титула во Супер ракометната лига, а “пелистерци“ можат само да се надеваат на некое чудо, некаде Вардар да биде поразен.

Марио Танкоски по завршувањето на натпреварот во Битола не го криеше задоволството од извојуваната победа и рече:

-Доколку на првиот натпревар во Скопје, Еурофарм Пелистер одиграше подобро, натпреварот во Битола ќе беше сосема понаков. Ние во овој натпревар имавме шестмина повредени, а во текот на натпреварот ни се повредија и двајца десни бека, но и покрај тоа запишавме победа. Неколку пати имавме пет гола разлика, но навистина беше многу тешко да се стигне таа негатива од осум гола од нашиот прв натпревар. На тој дуел да одигравме подобро, денес ќе беше многу поразлично. Ќе беше потешко и за нас и за нив. Не сме многу далеку од Вардар. Во Купот немавме среќа, промашивме многу зицери, а денес покажавме карактер и се вративме од негатива. Затоа мислам дека ниту Вардар, ниту Еурофарм Пелистер не отскокнува во квалитет.

More from СпортMore posts in Спорт »