Веќе втора година поради пандемијата во Битола нема организирани прослави на матурантите по завршување на средното образование, а како би имало кога се празни и школските клупи во училиштата, но остануваат сеќавањата на битолчани како се прославувале матурите и како си поминале на матурските прослави, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Пред 10 години матурантите своите прослави за завршување на средното образование ги одржуваа во хотел “Епинал“ на Широк Сокак во Битола, а потоа започнаа и во други локали. Тогаш, по прославите дома, па доаѓањето на партнерите за вечерта која следи, матурантите се собираа на Широк Сокак, пред хотел “Епинал“, вели Миновски.
-А таму пред “Епинал“ илјадници битолчани, да ги видат матурантите, таковци, мајки, баби и дедовци, комшии, пријатели, сеирџии…
А матурантите како доаѓаат се фаќаат на орото. Потоа следуваше фороргафирањето и матурантите продолжуваа во салата за прослави.
Но, не е битно само како се облечени матурантите, туку и со каков стил ќе дојдат на матурата, за да бидат забележани.
Со неколку фотографии се сеќаваме како беше пред “Епинал“ токму овие денови, пред 10 години, а се надеваме дека на сите битолчани ќе им ги вратиме сеќавањата за нивната матурска прослава.
Оние кои се на фотографиите и нивните другари, оваа години ќе имаа можност за да се видат, да си кажат како ги поминале изминатите десет години, на класниот час. Да си посакаме сите дека пандемијата ќе заврши и ќе се вратиме на матурите, класните часови за 10, 20, 50 години од завршувањето на средното образование.

Деновиве пред 10 години: матурантите со оро на Широк Сокак во Битола, пред матурската прослава (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)
- Борците на КБК Самурај од Битола освоија 8 медали на “8th BALKANS BEST FIGHTERS JAGODINA 2023“ (фото)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 5 степени
- Награди за најдобрите за волонтерите за локален волонтерски аражман 2023