Press "Enter" to skip to content

Со почитување на мерките одбележан патрониот празник на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола (фотогалерија + видеа)

Основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола е едно од најстарите училишта во нашиот град коешто постои и работи уште од некаде шесеттите години на 19 век. Низ своето постоење од век и половина ѕидовите на ова училиште во Битола, покрај реката Драгор, и до црквата “Св. Богородица“ во Битола, се неми сведоци на тоа што се случувало во него и поминало. А низ него поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината.Оваа учебна година и сведоци за едно време невреме на учење под посебни протоколи во време на пандемија. На тој начин беа спроведени и активности на наставниците за прослава на патронот празник. Во оваа прилика директорот Душко Костовски изјави:-Заради спроведени мерки и протоколи за работа во услови на пандемија активностите за нашиот патрон беа поинакви. Наставниците од одделенска настава чии ученици доаѓаат со физичко присуство во рамки на протоколи спроведоа проектни активности со своите ученици во своите училници поделени по групи со маски, или во училишниот двор на дистанца, и додаде:-Учениците од 4 и 5 одделение кои посетуваат настава на далечина направија многу добри “он-лајн“ активности  со рецитации, драматизации, одделенски ликовни изложби, снимени видео презентации подготвени  од  ученици. Со еден збор сите твореа и го славеа славеа  за делото на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.Учениците од подрачното училиште во село Логоварди со своите наставници со низа активности  го одбележаа патрониот празник во прекрасниот двор на училиштето.

Александра Упале наставник по македонски јазик и ментор на учениците во рециталот рече:-Учениците од предметна настава претходните години пред пандемијата на свечена приредба настапуваа со рецитал и музички точки и изведби  посветени на своите патрони пред родители и гости. Оваа година беше снимен видео спот со настап на хорот и свечен рецитал посветен на браќата Кирил и Методиј со определен  број ученици снимени низ секвенци  во градскиот парк на Битола.Катерина Пејовска наставник по музичко за настапот на хористите додаде:-Хорот беше снимен со француска песна која низ секвенците убавите места снимани низ  паркот кај Саат Кулата доби нов уметнички момент.

Ѕидовите на училиштето „Св Кирил и Методиј“повторно како и низ вековите  нем сведок за едно време невреме и  „нова реалност“. Видео спотот  ќе остане забележано како траен запис за прослава на патронат во учебна 2020/21 во услови на пандемија.

Жанета Ристевска