Press "Enter" to skip to content

Дарија Стојчева, гимназијалка, ликовен уметник со самостојна изложба во Горната Гимназија (фото)

Дарија Стојчева е од Битола и е ученичка во III-6 во гимназијата „Јосип Броз Тито во Битола“. Стојчева е голем вљубеник во уметноста, а неодамна приреди ликовна изложба на свои цртежеи на тема “Женски портрети“, во библиотеката на гимназијата. За изложбата во Горната Гимназија во Битола, за неа и за уметноста и поставивме неколку прашања.

Зошто ја избравте оваа тема на вашата самостојна ликовна изложба?

Дарија Стојчева:  Затоа што подолго време се решавав да си ја исполнам оваа моја желба.

Колку време беше потребно за подготовка на изложбата и каква техника користевте за цртање?Дарија Стојчева: За подготовка на изложбата ми беа потребни три месеци, а техниката која ја користев е молив, јаглед сенчање, која и не е толку едноставна техника.

На колку други ликовни изложби сте учествувале и каде?

Дарија Стојчева:  Ова ми е втора самостојна изложба, првата беше исто во мојата Гимназија, но сосема друга техника, а имам и една заедничка во Домот на Културата во Битола под менторство на проф. Анкица К.  Стевановска и сите деца во нејзиното училиште „Adam’s Art School”.

Што мислите за третманот на младите ликовни уметници во нашиот град

Дарија Стојчева:  Моментално не размислувам многу за ова, но кога ќе завршам со училиштето и факултетот сигурно дека ќе бидам иницијатор за младите надарени уметници да имаат каде да го претстават својот талент.

Дали можеби веќе ги предвидовте вашите студии, т.е. на кој факултет би се запишале?Дарија Стојчева: Уште од петто одделение мојата желба е да завршам факултет за Ликовни Уметности.

Кои ликовни теми се ваш предизвик?

Дарија Стојчева: Ги сакам сите техники, но некако во последно време им давам приоритет на моливот и јагленот.Дали во моментов подготвувате нова ликовна изложба?        

Дарија Стојчева: Да, се разбира, ќе биде изненадување!

Како врз вашата инспиративна моќ влијаеше Ковид пандемијата?

Дарија Стојчева:  Имаше денови од почетокот на пандемијата кога немав никаква инспирација, но потоа со прекрасни мурали си го разубавував мојот дом, особено мојата соба.

Кој е твојот инспиративен уметник?

Дарија Стојчева: Мојот инспиративен уметник е дефинитивно Винсент Ван Гог и би сакала да го цитирам: „Ако слушнеш глас во тебе што ти вели: „ Не можеш да црташ.” тогаш цртај и тој глас ќе биде замолчен”.

Што ќе им препорачате на вашите врсници во пресрет на летото?

Дарија Стојчева:  За тоа ќе речам сите да си го искажат својот талент, својата креативност  за ова лето и нашата младост да биде уште поубава оваа година.

Ива Танушевска (III-4)