Press "Enter" to skip to content

Во ОУ “Св. Климент Охридски“ настан по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески (фотогалерија)

Со почитување на сите мерки за заштита од ковод-19, на отворено, во дворот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа манифестација по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески.На приредбата во ограниен број, беше присутна градоначалнилката на општина Битола – Наташа Петроска, претседателката на МНД Битола – Невена Груевска, како и гости од други училишта од Битола, наградени ученици, наставници и родители.Приредбата ја отвори директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“, Гордана Анастасова, која ги поздрави учениците, наставниците и гостите.Анастасова, кратко се осврна кратко и на делото на Конески и ги пофали учениците кои улествуваа на литературниот и ликовниот конкурс и кои создадоа одлични творби, а дел од нив ќе се најдат на ѕидовите на училиштето. Настанот беше проследен со читање на наградените и пофалените литературни творби и изложување на ликовните творби од литературно-ликовниот конкурс „Блаже Конески – основоположникот на современиот македонски јазик“.Учениците изведоа и драматизацијата на „Везилка“, Рациновите стихови од „Ракување“ и рефератот со исцрпни биографски податоци за Блаже Конески, како и автентични музички точки го удостои делото на нашиот македонски великан.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »