Press "Enter" to skip to content

Отворена 46. Државна изложба на детски ликовни творби и доделени наградите (фотогалерија)

Денес во Центарот за култура во Битола е отворена традиционалната, 46. Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, на која се прикажани над 500 цртежи на ученици од целата држава.На сите учесници, како инспирација им беше трацидијата и културата,  а покрај ликовните цртежи прикажани е и други дела на младите уметници изработени на камен, од хартија, на дрво…На отворањето на изложбата зборуваше директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, која рече:-Во овие тешки времиња, кога светот ја води најтешката битка, кога културата и уметноста се едни од најпогодените гранки на живеењето, детската безгрижност ја извојува најголемата победа, а светот во окото на детето останува чист и непроменет. Во тој свет традицијата е жива, и плени со сета своја убост. За тоа тоа говори и овогодинешната детска ликовна изложба инспирирана од народната традиција. Петстотини и шест детски творби од педесет и едно основно училиште се дел од оваа наша изложба. И во време на пандемија и отсуство од училишните клупи, децата успеаја да се инспирираат и да учествуваат на 46. Државна изложба на детски ликовни творби во Битола. Претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски на отворањето на изложбата рече:-Ме радува тоа дека ови повеќе од 500 дела ги имаат направени младите, најмалите наши сограѓани, а и од целата држава. Тоа што овие млади автори творат на оваа тема значи само едно, дека ќе се продолжи нашата традија, а сите овие мотиви кои ги гледаме на сликите кои се изложени ќе останат да живеет и понатаму.Градоначалничката Наташа Петровска, ги додели наградите на најуспешните, училиштам професор, поеднинечни и групни награди и рече:-Нема поголемо задоволство од вакви моменти кога човек има две причини да се радува. Едната е показател дека имаме традиција на една манифестација која што го чува македонското, нашите културни белези, а втората затоа што токму од најмали нозе, ги учиме најмладите да се почитуваат себеси, да ги почитуваат нашите вредности, бидејќи ние и тоа како имаме што да му покажеме на светот. 46 години на оваа манифестација покажуваат топол, широк, добар пристап на она што значи себепрепознавање и покажување кон светот дека на овие простори има нешто што претставува прекрасно мозаично камче од светските вредности“, рече градоначалничката Петровска.Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е воспоставена во 1975 година и е најстара од овој вид во нашата држава, па и пошироко. Изложбата ќе биде отворена за посетители во наредните 14 дена во фоајето на Центарот за култура Битола.

More from КултураMore posts in Култура »