Press "Enter" to skip to content

Библиотеката ги награди учесниците во проектот “Читаме гласно, бидејќи читањето е забава“ (фото)

НУУБ “Св. Климент Охридски“- Битола им додели доделување на благодарници на сите учесници во работилниците “Читаме гласно, бидејќи читањето е забава!“ на англиски јазик, а благодарници на децата им додели директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски. Координатор на работилниците беше  м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – библиотекар.Посебни благодарници добија наставничката по англиски јазик Џенет Тасковска за  остварената соработка во овој проект и директорката на ОУ “Елпида Караманди“- Битола, Татјана Дамчевска.Покрај благодарници, директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски ги награди овие ученици за нивниот труд со едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека.Наградени ученици се: Ноела Нечкоска, Лана Ефтимовска, Димитар Договски, Мила Илијевска, Миа Поповска, Меланија Паневска, Кире Стојановски, Матеа Чупона, Уна Цветанов, Ана Торнеска, Филип Митковски, Сара Кочовска, Сара Самарџиска, Мартин Басаровски, Петар Јошевски, Петар Христовски, Ева Талевска, Ева Панџовска, Михаела Вуликиќ, Ева Ангелеска, Ксенија Колевска, Стефан Стојаноски, Лазар Ѓоршевски, Виктор Јошевски, Димитри Гиовис и Викторија Лазаревиќ.