Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола еден нов позитивен на ковид-19, оздравени 5, хоспитализирани 18 пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на ковид-19, а од нив само едно лице е од Битола.

Регистрирани се 92 оздравени пациент од кои од Битола се 5. 

До сега во Битола има 6.291 лица кои биле или позитивни на ковод-19, а активни се 165 случаи.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Пријавени се вкупно 11 починати лица.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 86 и преку “Плодност“ 46.

Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.