Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: туристи од Турција во поголем број започнаа да ја посетуваа Битола (фото)

Некаде пред 10 години или нешто порано започнаа во Битола да доаѓаат значителен број на туристи од Турција, кои веднаш ни “паднаа во очи“ бидејќи порано немаше посета на Битлла во толкав број, започна со своите сеќавања пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Битола во тој период беше интересна за странски туристи, но најголем број од нив беа од Турција, а според она што ми кажуваа угостителите кои им подготвуваа храни, покрај турските туристи, имало и од Холандија, кои доаѓаа од Охрид, од источните земји, а и грчки туристи, вели Миновски, кој додава:-Но, за жал овие туристи во Битола биле само транзитни, немало ноќевања со полн или мал пансион, а освен храната која биле претходно договорена немало ништо друго, па затоа во тоа време угостителите пробале но не успеале да направат повеќедневни аражмани. Според Миновски, најинтересни за посета на турските туристи им беа и секако им ќе и, бидат понатаму спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк која се наоѓа во Заводот и музеј, како и куќата во која порано живеела големата љубов на Ататурк, Елени Каринте, како Јени џамија, Исак џамијата, Безистенот и Старата битолска чаршија…. Турките туристи не се случајни туристи бидејќи Битола е најпосакуван град за посета.  Поради пандемијата се уште немам забележано организирана група на туристи во Битола, но да се надеваме дека нив ќе ги има по Широк Сокак, но со желба тие да бидат во Битола неколку дена, а не да бидат само транзитни туристи на неколку часа, со организирани битолски туристички водичи и битолска логистика.

More from БитолаMore posts in Битола »