Press "Enter" to skip to content

Во градската пресметка во Битола победници поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 23:31 (10:14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Методија и Михајло Илиевски 

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Ј. Талевски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 1, Мирчевски 6, Митревски 2, Петровиќ 3, Андонов, И. Димитровски 1, С. Талевски 2, Стоилевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Дрогришки 1, Блажевски
Седмерци: 5/2, Исклучувања: 14 минути

Еурофарм Пелистер: Чаневски, Трајковски, Ојлески 2, Маркоски 1, Маџовски 2, Кукуловски, Кузманоски, Кушан 3, Радовиќ 5, Танкоски 3, Периќ 11, Костески 2, Кукоски, Петровски, Граџан 2, Ѓукиќ
Седмерци: 6/5, Исклучувања: 12 минутиВо градската ракометна пресметка во Битола, во плејоф во 13. коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија “втората“ екипа “Еурофарм Пелистер 2, како “гостин“ во Битола, со резултат 23:31, полувреме 10:14.Двете екипи започнаа израмнето и половина полувреме се играше резултатски израмнето, а во  средината на првиот дел поискусниот тим се одлепи на 8:12. На одмор се замина со 10:14 за екипата на Бабиќ.Поискусните подобро го отворија продолжението и предноста порасна до +7 во 42. минута, а потоа рутински се заврши натпреварот.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Периќ со единаесет и Радовиќ со пет гола, а во тимот на Еурофарм Пелистер 2 Мирчевски со шест и Павле Атанасијевиќ со четири погодоци.Во последното 14. коло, в среда попладне екипата на Бабиќ го пречекува Охрид, а помладиот битолски клуб гостува кај Бутел.