-Над 40 години, овде не беше ништо санирано. Имавме стари, речиси неупотребливи цевки за водовод и канализација“, истакнаа жителите на ул. „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“, кои денес се сретнаа со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Дел од лицата задолжени за проектот за реконструкција заедно со градоначалничката извршија увид во теренските активности на оваа улица, каде во моментов работат екипите на КЈП „Нискоградба“ на поставување на мешовита канализација, по што ќе следува изведба на водоводната мрежа и финално, уредување на коловозот. Целосната реконструкција на оваа улица е во вредност од над 3,2 милиони денари.Паралелно во овој дел од градот се работи и на улицата „Пробиштип“, каде викендов се подготвуваше теренот за влез на екипите на КЈП „Нискоградба“, кои ќе ја изведуваат ешовитата канализација. И на оваа улица ќе бидат изведени истите реконструкцитни зафати, односно ќе се менува водоводната мрежа и соодветно ќе биде уреден коловозот. Жителите на улицата “Пробиштип“ посочија дека често имале проблеми со поплавување на домовите и собирањето на водата. Тие изразија благодарност до градоначалничката Петровска за интервенцијата на оваа улица, која ќе значи многу за нивното нормално секојдневие.
Сеопфатното заокружување на целосниот изглед на Офицерскиот дом и околината, комплетно ќе го надополни и новиот изглед на улицата „Македонска фаланга“. Реконструктивните зафати на оваа улица започнаа со изведбените активности на екипите на ЈКП „Водовод“. Градоначалничката Наташа Петровска беше запозната со текот и динамиката на работа и целосниот проект на реконструкција на улицата „Македонска фаланга“. На потегот од семафорите кај Ракометното игралиште, околу задниот дел на Офицерскиот дом до Широк Сокак, ќе биде извршена промена на мешовита канализација, реконструкција на водоводната мрежа, изведба на коловоз, ново улично осветлување и партерно уредување.

Реконструкција на улиците “Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“, “Пробиштип“ и “Македонска фаланга“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол