Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кражба во “градски паркинзи“, нападнати малолетници и други два напади, сообраќајни контроли

На 30.05.2021 во СВР Битола, З.Д. (52) од Битола пријавил дека непознат сторител со употреба на сила и подесен алат влегол во канцеларија на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола на ул.„Солунска“ во Битола и од сефот одзел пари. Увид извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2021 во СВР Битола, П.Г. (50), М.М. (34) и А.М. (44), сите од Битола, пријавиле дека на 29.05.2021 околу 23.15 часот на улица “Булевар 1 ви Мај” во Битола нивните малолетни синови (тројцата на возраст од 14-години) биле физички нападнати од три лица на возраст од 17 до 20 години. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2021 во СВР Битола, И.И.(36) од Битола пријавил дека на ул.„Алексо Наневски“ во Битола бил физички нападнат од 50 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2021 во СВР Битола, Д.М.(89) од Битола пријавил дека истиот ден на ул.„Охридска“ во Битола физички бил нападнат од едно малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.05.2021 година во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за непрописно престигнување. Притоа, биле констатирани 17 прекршоци кои биле соодветно санкционирани. Исто така, биле откриени и осум други прекршоци за кои се поднесени соодветни поднесоци.