Press "Enter" to skip to content

Во “Боди М“ со “бразилската мадеротерапија“ до одлично обликувано тело

Летото е на прагот, а ова е тимот на “Боди М“ кој деновиве доби обука и сертификати за новата метода која го менува вашето тело по само еден третман. Запознајте ја “бразилската мадеротерапија“ со Ана, Марија и Наталија.

Бразилската мадеротерапија не е иста со класичната мадеротерапија. Третманите даваат до 6 пати побрзи резултати во споредба со класичните. За разлика од класичната мадеротерапија, кај бразилската терапија начинот на работа е сосема поинаков и за време на масажата делуваме во длабоките слоеви на ткивото и ги активираме клетките внатре. Бразилската мадеротерапија се прави со дрвени чаши. После секој третман, се забележува голема промена во целата област што ја третираме.

Ги намалува масните наслаги околу половината, го елиминира вишокот од бутовите, ја стеснува половината, ги дефинира рацете и нозете, ги обликува бутовите и стомакот и прераспределува маснотии на задникот. Со оваа мадеротерапија можете да го обликувате вашето тело и да добиете бразилски задник. Одлични трансформации се возможни и за еден третман. 

Инаку, основите на мадеротерапијата се развиени во Колумбија и за неа се користат специјални масажери направени од дрво за да се изведува масажата.Она што ја прави мадеротерапијата ефикасна е стимулација на лимфниот систем. Лимфниот систем е одговорен за исфрлање на токсините во организмот предизвикани од лоши животни навики, недоволно движење и лоша исхрана.

Благодарение на забрзаниот начин на живот, внесуваме вишок маснотии, шеќер и адитиви, кои потоа се заробени во нашето тело во синергија за да создадеме таканаречена „кора од портокал“ или целулит. Покрај стимулирање на лимфниот систем, мадеротерапијата го активира метаболизмот и телото започнува побрзо да ги отстранува токсините, целулитот и масните наслаги.