Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за лимфаденопатија – зголемени лимфни јазли, за што вели:
-Лимфните јазли се значаен дел од лимфниот систем покрај лимфните садови лимфатични органи како слезинка, тимус кои учествуваат во продукција и дренажа на лимфата и во имунитетот на организмот пред се продукција на лимфоцити, леукоцити, фагоцитоза на микроорганизми.
Зголемувањето на лимфните јазли -лимфаденопатија можи да е во склоп на малигни заболувања на крвта (хочкин и не хочкинови лимфоми) метастазирање од примарни карциноми но и во склоп на различни инфекции (синузитис, маститис,

Во поставување на дијагнозата од големо значење е клиничката презентација, постоење на болка спонтана и при палпација, зголемена температура, црвенило, загуба на телесна тежина, ноќни потења, малаксаност како и лабораториските параметри (ККС,CRP,Se).
Лекувањето е во зависност од етиологијата на настанување на лимфаденопатијата, медикаментозно, хирушко,






