Боксерите на Пелистер од Битола од државното првенство во бокс се враќаат со пет медали, две златна и три сребрени. Со пет медали се најдобар боксерски клуб во Македонија, а со три медали во јуниорска конкуренција потврдија дека се и најдобра боксерска школа кај нас.
За Пелистер од Битола, единствениот златен медал, во тешка карегорија до 91 килограм освои Александар Најдовски – Сканта, со што уште еднаш докажа дека е најдобар “тешкаш“ во Македонија, кој секаде каде ќе се појави, не знае за пораз.
-Трите рунди ги избоксував како што се договоривме со тренерот Петровски и во ниту еден момент не се грижев дали ќе го освојам златото. Самото тоа што судиите за победата 3:0 досудија во моја корист, кажува колку бев супериорен во рингот. Ми годи тоа што ме прогласуваат најдобар “тешкаш“, но тоа е и обврска да го докажувам на секој меч во државата, а се надевам и на меѓународни натпревари по завршувањето на пандемијата, ни рече Скантата по завршувањето на мечот.
Ееен златен и две сребрени медали, што можеби и единствен случај не само кај нас, во јуниорска конкуренција освоија браќата Рустемови, кои се наследници на познатите боксери од Битола.
Ален Рустемов во категорија до 56 килограми освои златен медал медал, со две подеди од која втората со прекин – нокаут, со што го покажа својот талент надополнет со тренинзи ќе носи нови и нови медали во Битола.
Неговиот брат Адријан Рустемов е “сребрен“ во категорија до 50 килограми, а третиот брат Ружди Рустемов исто е сребрен во категорија до 60 килограми.
Пелистер лесно можеше да освои и трет златен медал, но тоа не го дозволија судиите кои го оштетија Рамон Ќазимов во сениорска категорија до 69 килограми. Ќазимов имаше добиен меч, но судиите досудија победа за противникот.
Тренерот на Пелистер Јове Петровски – Оцо не го криеше задоволството од тоа како се претставија битолските боксери и ни рече:
-Ме радува тоа што еве ние кои сме сега во клубот продолжуваме една битолска позната спортска традиција, а тоа е боксот. Имаме две златни медали во тешка категорија што е шлаг на тортата на секое првенство и во јунорска. Ме боли тоа то сме оштетени за едно злато плус. Но, тројца браќа јуниори покажаа дека се однина на битолскиот и македонскиот, а тоа значи само едно, дека сме најдобра боксерска школа во Македонија. Задоволен сум од тоа како боксоваа сите во рингот, се придржуваа до тактиката која ја определивме, и секако од медалите.
С.Р.










