Press "Enter" to skip to content

Бојан Илиевски прв го напушти ФК Пелистер, го засилува Работнички

Екипата на Работнички го официјализира првото засилување за наредната сезона. Се работи за младиот дефанзивец Бојан Илиевски од Пелистер од Битола.

-Чест ми е што добивам шанса да ги бранам боите на Работнички. Се работи за еден од најренонираните македонски клубови кој отвора голема перспектива за младите фудбалери. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството со добри игри во наредниот период, изјави Илиевски.

Овој трансфер го одобри спортскиот директор на „романтичарите“, Горан Станковски, кој вели деја Илиевски е вистинско засилување за Работнички.

Фото: фејс бук на ФК Работнички