Press "Enter" to skip to content

Денес 76. седница на Советот на Општина Битола, за буџетот, донации, планови и извештаи…

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес во 10 часот ја закажа  76. седница на Советот на Општината Битола, во салата за седници на Советот.

Според предложениот дневен ред ќе се распарава за буџетот на Оштината, за донации, за урбаната опрема, родова еднаквост, како и за годишни планови и годишни извештаи…

Дневниот ред има 17 точки:

1. Одлука за измена на Одлуката за распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2021 година.

2.  Одлука за измена на Одлуката за проширување на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2021 година.

3. Одлука за префрлување на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Битола за 2021 година.

4. Одлука за давање на донација во вид на финансиски средства на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“Скопје за редаптација и опремување на постоечките простори за интерна амбуланта и дневна болница.

5. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари за граматики и речници на македонски-ромски јазик за потребите на основните и средните училишта – Битола

6. Одлука Измени и дополнувања на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за користење на земјиште во општа употреба за поставена урбана опрема и поставување на урбана опрема за која не може да се наплаќа комунална такса на територија на Општина Битола.

7. Седма измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Oпштина Битола.

8. Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година.

9. Измена и дополнување на Правилникот за искористување на средства од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на инфраструктура за лице со попреченост во домот на лицата.

10. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион за 2020 година.

11. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на пелгонискиот плански регион од страна на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион во 2020 година.

12. Измена на Годишниот План за вработување во општинска администрација на Општина Битола за 2021 година.

13. Решение за давање согласност на Одлуката за отуѓување на неофицијална опрема во училиштето СОТУ „Ѓорги Наумов“Битола.

14. Решение за давање согласност на Одлуката за отуѓување на нефункционална опрема во училиштето СОЕУ „Јане Сандански“Битола.

15. Решение за изменување на членови во Управниот одбор на ЈОУ КУЛТУРЕН И ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР Битола.

16. Решение за давање на согласност на Статутот на МЈП ПЕЛАЛИНК Битола.

17. Решение за разрешување и именување на член – претседател на УО во ЈП „Жабени“Битола.