Во салата на ОУ “Св. Клиемент Охридски“ во Битола се одигра завршницата во кадетска конкуренција, популарниот “Ф4“, а за медали разигруваа Пелистер Волеј од Битола, Наковски од Струмица, Јанта Волеј и Вардар од Скопје. Во финалето играа Вардар и Јанта, а победник беа катетките на Јанта Волеј.
Екипата на Пелистер Волеј е “брензена“, односно, кадетска екипа во неверојатен натпревар за трето место ја победија екипата на Наковски.
За овој многу значаен натпревар за кадетките, тренерот Роберт Митковски, видно задоволен од тоа што го покажаа на свој терен во Битола рече:
-Поради зфатеност на нашата одбојкарска база, салата во Медицинското училиште, игравме во ОУ “Св. Климент Охридски“, или и ние како домаќини бевме гости, бидејќи во оваа сала немаме одржани ниту еден тренинг, а камоли одиграно натпревар. Но, и покрај тоа ја остваривме целта и со кадетската екипа дојдовме до бронзен медал, со што им се приклучивме на маладинките и пионерките кои се второпласирани на крај од сезоната, а за самиот натпревар за трето место додаде:
-Неверојатен пресврт, мало финале за трето место, какво само можи да се посака, напнато и стресно до сам крај за нас на клупата и за одбојкарките. Првиот сет екипата на Пелистер Волеј го започна под притисок и со грешки, веројатно како последица од загубеното полуфинале претходно, а на момент во првиот сет противникот имаше двојно поголема предност 20:10. Вториот сет започна далеку поорганизирано и Пелистер Волеј покажа дека не случајно се најде на завршницата на третиот “Final Four“ оваа сезона, па со идентичен резултат 25:22 израмни за 1:1.
Драмата на натпреварот, започна во третиот сет, која буквално траеше од почеток до крај, за што Митковски вели:
-Тежок трет сет, неизвесен до крај, но завршницата беше вистинска драма. Возавршницата од натпреварот, гостите кои имаа и сет-меч топка односно 14:13. Сепак, во клучните моменти одговорноста ја презеде Ева Трпеновска која со два последователни смеча го доведе Пелистер во водство, односно 15:14. Потоа, најмладата Анастасија Ристевска отсервира ас на сама линија на деветти метар и тоа значеше победа, односно бронзен Пелистер за сезона 2020/2021.
Поените ги освоија: Ева Трпеновска 16, Стефани Најдановска 11, Меланија Каралиоска 5, Анастасија Ристевска 5, Сандра Дамчева 3 и Михаела Цветановска 1.
Во полуфиналето од “Ф4“ екипата на Пелистер Волеј беше поразена од екипата на Вардар, но не беше надиграна, како што би било според резулатот, но неисуството и тремата пред својата публика го направија своето.

Кадетките на Пелистер Волеј бронзени на “Ф4“ во Битола, одиграа одличен натпревар за трето место (мегафотогалерија)
Пелистер Волеј – Наковски Волеј 2:1
(22:25, 25:22, 16:14)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола го одбележа својот патрон (фото)
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Општина Битола: презентирани дел од решенијата за изработка на физибилити студија за голдола
- СВР Битола: четворица приведени за дрога, жена пријавила напад од жена, приведување за нарушен јавен ред и мир
More from СпортMore posts in Спорт »
- Загреб првата победа во ЛШ ја забележа против Еурофарм Пелистер
- Гарабаја: домаќините мотивирани со нов тренер, ние ќе одиграме квалитетно во Загреб
- Ева Милевска од Битола една од ретките скијачки во спуст од поширокиот балкански регион, по повредата се врати на ски-патеките
- Самоил Ристевски: нема лоши тимови во ЛШ, одиме во Загреб по победа
- Пелистер Волеј преку петти сет “тај-брејк“ ги победи Газели во Битола (фотогалерија)










