Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападната битолчанка, тепачка во угостителски објект, сообраќајни контроли

На 07.06.2021 во СВР Битола, Т.К. пријавила дека на ул. “Македонска Фаланга“ во Битола била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2021 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош се јавил Н.И. (36) од Битола, кој се здобил со повреди при физичка пресметка во угостителски објект во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.06.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле преземени 57 мерки по акциската контрола, а биле откриени и 16 останати прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.