Press "Enter" to skip to content

ВМРО-ДПМНЕ ја блокира крстосницата кај Уредот, бара владата да каже за што преговара со Бугарија

Оптинскиот комите на  ВМРО-ДПМНЕ од Битола попладнево со почеток во 15 до 17 часот одржува протест со која ја блокира крстосници пред уредот, односно кружниот тек кај Безистенот, под мотото “Доста е, излези за Македонија“.Протестите се со едно единствено барање односно, Владата да го даде на увид на јавноста таканаречениот “патоказ“ за преговорите со Бугарија, а пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Силвана Ангелевска, за протестот рече:-Од денес и во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, организира протести во Скопје и други десет градови, а слоганот кој го имаме е “Доста е, излези за Македонија“. Протестот е затоа што двоецот Заев-Бучковски води преговори со Бугарија зад затворени врати и не ја известува македонската јавност за преговорите. Од она што го соопшти Заев на бугарска телевизија може да се навести ново предавство и затоа е оваа наша реакција. Ги повикуваме сите Македонци, сите битолчани да ни се придружат за да го зачуваме достоинството на Република Македонија, и додаде:-Дознаваме дека се подготвува декларацијата која е донесена во Бугарскиот парламент во 2019 година, каде што се спори нашиот идентите, нашиот македонски јазик, да стане дел од пристапната рамка за преговори во Европската Унија. Тое е неприфатливо, билатералниот проблем кој го имаме со Република Бугарија, да стане проблем со Европската Унија. Затоа го повикуваме Заев, таканаречениот “патоказ“ за го “извади“ пред македонската јавност и да видиме, што тој ставил на маса во преговорите со Бугарија.