Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Денес, вторник, 8 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. Температурата во Битола до 25 степени. УВ=7.

Утре, среда, 9 јуни, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 27 степени. УВ=6.