Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 од кои од Битола е 1 лице.
Регистрирани се 32 оздравени пациент од кои од Битола се 3.
До сега во Битола 6.298 лица биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 15 случаи.
Според извештаите на Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Пријавени се вкупно 4 починати лица починати во болнички услови.
Направени се 2.853 тестови преку ЦЈЗ Битола 37 и преку “Плодност“ 45 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.