Претставници на НУ Универзитетската библиотека од Битола, во Атина, Грција, учествуваа на партнерскиот состанок во рамки на стратешкото партнерство “Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time…“. За време на состанокот ги презентираа ромските бајки кои беа собрани од мултиплаерите кои беа тренирани во сите партнерски земји.
Потоа, учесниците започнаа да ги категоризираат бајките во однос на видот (на пр. животинска бајка, анегдота, магична приказна и.т.н.) и на главните ликови, моралот, пораките и сл. Оваа задача ќе биде финализирана во следните недели.
Врз основа на категоризацијата, ќе биде воспоставено рангирање за да имаме краен избор на бајките кои ќе бидат вклучени во Европската книга на ромски бајки, која сакаме да ја развиеме во следниот проект. Сега сме во исчекување на следниот партнерски состанок кој ќе се случи во Бугарија во септември.

Библиотеката од Битола ги претстави ромските бајки во Атина (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Нови спортски терени во “Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари
- Во рамки на УКЛО КОЛОРС меѓународен настан – колабораториум
- Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола со интерактивен отворен ден “Агро-Фест
- КИЦ го објави јавниот повик за Битфест 2026
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)










