Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: на “Партизанска“ со “мерцедес“ повредил 16 годишен велосипедист

На 08.06.2021 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул. „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (21) од Долно Оризари удрило во велосипед управуван од 16 – годишен битолчанец.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »