Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19, а во нив нема лица од Битола.
Регистрирани се 31 оздравен пациент, а од Битола се 2 оздравени лица.
До сега во Битола има 6.299 лица кои биле или позитивни на ковод-19, а активни се 13 случаи.
Во ковид центарот во Битола, на Инфективното одделение се лекуваат само 7 пациенти.
Пријавено е 1 починато лице, од Скопје, починато во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 50 и преку “Плодност“ исто така 50 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 823 776 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 487, бројката на оздравени пациенти е 149 582, на починати е 5468, а бројот на активни случаи изнесува 437.






