Press "Enter" to skip to content

Голем меѓународен ЕТА турнир во тенис во Битола, учесници од 21 земја (фото)

Битола беше домаќин на тенискиот ЕТА турнир за јуниори и јуниорки до 14 години , со 90 yчесници кои допатуваа од 21 земја од светот во организација на тенискиот клуб Битола и Академијата за тенис “Павловски“.

Љубителите на тенисот и поклониците на “белиот спорт” и од градот и од регионот беа верна публика во деновите на натпреварувањата, а “СН финансиско друштво“ како поддршка за спортот, се јави како главен покровител на настанот.Најдобрите јуниори и јуниорки ги вкрстија тениските рекети и неколку денови во фер игра ги презентираа своите квалитети на земјените терени на тенискиот клуб Битола кои од 1979 години го слават организирано “белиот спорт” во градот под Пелистер.

Пехарите на свечената церемонија ги додели Оливера Јошевска, во име на покровителот “СН финансиско друштво“, а еве ги победниците:јуниори Александер Василев од Бугарија, 

јуниорки Александра Панагиотиду од Грција,

јуниори-парови Б. Кирилов и  А. Василев, Бугарија,

јуниорки-парови В.Похле, Германија и В.Хувел, Данска 

More from ВестиMore posts in Вести »