Покрај засилувањата кои потпишаа или ќе потпишат за КК Пелистер од Битола, Управата преговара и со копаркарите кои играа за клубот изминатата сезона. Прв кој од “старата“ екипа потпиша нов договор со Пелистер е 27 годишниот плејмејкер, Бобан Стајиќ.
Стајиќ и во наредните две сезони ќе ги брани боите клубот, а според многумина тој е еден од најдобрите поединци во таборот на “пелистерци“ во изминатата сезона. Плејмејкерот Стајиќ има огромно искуство во Првата кошаркарска лига на Македонија, а настапувал за Лирија, МЗТ, Фени Индустри, Куманово, Работнички и Кожув и Пелистер.










