Press "Enter" to skip to content

Огненовски и Стојановски со младинската екипа на Академија Пандев против екипите-великани на ЈУ фудбалот (фото)

Двајца млади фудалери од Битола, Давор Огненовски и Дарко Стојановски се успешни во дресот на младинската екипа на Академија Пандев од Струмица, а викендов настапија на турнир во Златибор, Србија, каде ги одмерија силите со врсните од екипие големата ЈУ четворка, Црвена Звезда и Партизан од Србија, Динамо од Хрватска и Сараево од БиХ. Турнирот де одржа по мотот “Куп на пријателството“. Огненовски и Стојановски беа во тимот на Академија Пандев играа во групата со Партизан и Сараево. Против “партизановците“ играа нерешени 1:1, а во вториот натпревар се поразени од Сараево со 0:2. За квалитеот на турнирот доволно зборува и тоа што беше во живо емитуван на спорскиот ТВ канал, “Спортклуб“.Инаку, двајцата се генерација 2003, а во Академија Пандев заминаа од Битола од различни клубови. Давор Огненовски беше играч на ОФК, тренер му беше Сашо Илиевски, а Дарко Стојановски од Талент, а тренер му беше Златко Цветановски.

Давор кој игра лев или централен штопер и Дарко кој е на местото играч за врска, за учеството на турнирот велат дека бил одлично организиран, а самото тоа што биле во друштво со младинскиот екипи на тимовите кои се најдобри на Балканот, ова за нив било големо искуство од кое многу научиле.