Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица за поседување хероин, напад со остар предмет и сообраќајни контроли

На 09.06.2029 во 21.40 часот на патот Битола – Ресен, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен лишиле од слобода 39 лице од Скопје со живеалиште во Ресен и 54 годишно лице од Ресен. При преглед во патничко возило „опел“, кај а сопатничка бил пронајден и одземен хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.06.2021 во СВР Битола, В.И од Битола пријавил дека на улица „Тошо Даскало” во Битола, по претходна расправија, едно лице се обидело да го повреди со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возачи разговарале на мобилен телефон и две возила биле со измината регистрација. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.