Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со апел кон родителите да не им купуваат моторцикли на малолетни лица

Со оглед на затоплувањето на времето и зачестеното користење на велосипедите, велосипедите со мотор, мопеди, трицикли, четирицикли… пред се од страна на малолетници, а и последните случувања со сообраќајните незгоди во кои учесници се малолетни лица (секојдневно во билтен имаме по еден настан со малолетник учесник во незгода), СВР Битола, упатува апел пред се до родителите, да проработи свеста со што се може да се соочи нивното дете во сообраќајот, со сите ризиците кои идат сами по себе доколку не се почитуваат препораките..

Родители, со Ваша помош ќе пробаме да влијаеме на свеста, бидејќи ако даваме  само бројка или секојдневно како што праќаме информации за сообраќајот тоа поминува незабележано… Родители, сакаме да апелираме, дека знаеме дека сакате да им ги исполните желбите на децата, но ви укажуваме да не им купувате моторцикли на малолетници, бидејќи децата ќе имаа време за тоа понатаму во животот.

Заедно со апелот кон родителите од СВР Битола ја испражаат статистиката во врска со сообраќајните незгоди во кои учествуваме возачите на мопеди во која се вели:

-Секторот за внатрешни работи Битола во делот на сообраќајот како најчести причини за сообраќајните незгоди ги бележи неприлагодена брзина на патот и првенство на минување. Од извршената анализа на безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола во последните четири години (2017- 2020 година), имало вкупно 9 загинати возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли или четирицикли а во истиот четиригодишен период имало и 69 возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли или четирицикли кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Мотоциклистите спаѓаат во групата учесници во сообраќајот кои  најмногу се  изложени на опасности во сообраќајот  со исклучително висок ризик  за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода. Ова се однесува на дел од моторциклистите, претежно на помладите возачи на моторцикли, кои со голема брзина управуваат мотоцикли, ја игнорираат законската обврска за користење на заштитен шлем (кацига), како за возачот така и за сопатникот, управуваат мотоцикл и разговараат на мобилен телефон или со сопатникот. Сето ова значи опасно одвлекување на вниманието на возачот од безбедното управување на мотоциклот и сериозна опасност за предизвикување сообраќајна незгода. Покрај ова, евидентно е дека, еден голем дел од помладите возачи на моторцикли, вршат непрописно претекнување, не даваат првенство на минување на останатите ранливи категории учесници во сообраќајот, воопшто не користат заштитна опрема итн. Иако користењето на оваа заштитна опрема не е задолжително со Законот за безбедност на патниот сообраќај сепак употребата е препуштена на свеста и одговорноста на моторциклистите.

Од почетокот на годината на подрачјето на СВР Битола спроведени се 6 Републички акциски контроли регионални акциски контроли и 6 Локални акциски контроли за прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли, мопеди, трицикли, четирицикли.

Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат максимално сообраќајните правила и прописи, да се почитуваат препораките и советите на полициските службеници се со цел нивна безбедност и безбедност на сите граѓани, пешаци, минувачи, а пред се децата и повозрасните минувачи. СВР Битола продолжува и во следниот период да спроведува зачестени акциски контроли од областа на сообраќајот.