Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 кои во Битола се 4.
Регистрирани се 30 оздравени пациент, нема регистрирани оздравени од Битола.
Во Битола до сега има 6.303 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 17 случаи.
И на инфективното одделение во Битола бројката на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид 19 е 5.
Пријавени се 2 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 57 и преку “Плодност“ 46 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.






